Трамп воведе царини од 15 проценти за Македонија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат повисоки царини за десетици земји низ целиот свет за „реструктуирање на глобалната трговија во корист на американските работници“, објави Белата куќа.

Новите царини се движат од 10 до 41 процент, со највисока царина за Сирија. Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја ќе бидат предмет на царини од 15 проценти. За Македонија се воведуваат царини од 15 проценти, идентично како и за земијте од Европската унија. Србија ќе се соочи со царини од 35 проценти, а Босна и Херцеговина од 30 проценти.

Белата куќа во документот наведе дека целта на царините е „реструктуирање на глобалната трговија во корист на американските работници“ и ќе стапат на сила на 7 август, а не на 1 август како што беше најавено. Царините за канадска стока се зголемуваат од 25 на 35 проценти, но ќе стапат на сила од петок.

„Како одговор на континуираната неактивност и одмазда на Канада, претседателот Трамп сметаше дека е потребно да ги зголеми царините за Канада од 25 проценти на 35 проценти за ефикасно решавање на постојната вонредна состојба“, соопшти Белата куќа, велејќи дека Канада не соработувала во борбата против фентанилот и другите нелегални дроги.

Канадските производи опфатени со трговскиот договор меѓу САД, Мексико и Канада се ослободени од царини. Канадскиот премиер Марк Карни изјави во јуни дека доколку не се постигне договор до почетокот на август, Канада веројатно ќе возврати со дополнителни царини за извоз на американски челик и алуминиум.

Повисоките царини за канадска стока се во остра спротивност со одлуката на Трамп да го одложи зголемувањето на царините на Мексико за 90 дена за да се овозможи повеќе време за преговори за поширок трговски договор.

Кина, од друга страна, има рок до 12 август да постигне долгорочен договор со администрацијата на Трамп, откако Пекинг и Вашингтон постигнаа првични договори во мај и јуни за прекин на зголемувањето на меѓусебните царини и укинување на забраната за увоз на ретки земни метали.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Трамп заслужува Нобелова награда ако донесе мир во светот и украинскиот народ

Националната гарда маршира во Чикаго по наредба на Трамп

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

ВИДЕО: Хамас и Израел се договорија за првата фаза од планот на Трамп, ќе има ли конечно мир за Газа

Финска најави царини за сите производи од Русија

Лебланк: Трамп и Карни постигнаа напредок во преговорите, договорите не се блиску