Тракторист загина во Арачиново, четворица повредени во несреќата

Од:

Тракторист од село Арачиново синоќа бил повреден во сообраќајка што се случила на регионалниот пат Скопје–Куманово, во атарот на село Арачиново. Тој се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 21.10 часот им подлегнал на повредите.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила меѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот М.М. од село Арачиново и трактор „имт-533“, управуван од 62-годишниот С.С. од село Арачиново.

Со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило, сопатничката од истото возило 24-годишната Е.М. од село Арачиново и уште двајца малолетни сопатници од возилото, констатирани во kомплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар