Тракторист повреден во сообраќајна незгода во велешко

Од:

Тракторист е повреден вечерва околу 20:00 часот во незгода што се случила на локалниот пат село Клуковец – село Горно Оризари, велешко.

Како што информира за МИА Димитар Каракулев, од СВР Велес, станува збор за 62 – годишен маж од село Клуковец се повредил обидувајќи се да се спаси кога неговиот трактор се излизгал по патот.

По укажаната прва помош на екипа од Брза помош при ЈЗУ Здраствен дом Велес, трактористот со возилото на Брза помош бил итно пренесен во Хирушкото одделение во Велес, каде му е укажана лекарска помош.

– Констатирани се нагмечувања на меките делови на главата и лицето со огреботини и исеченици по лицето, има и исчашување на десен скочен зглоб и скршеница на потколеница. Повредениот е задржан на болничко лекување во велешката болница, информира Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он