Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Од:

Македонски Железници ја укина Орешка станица, единствената станица на пругата Богомила – Прилеп која ја користеа планинарите кои се искачуваа кон врвот Солунска Глава, како и жителите од двете планински села Ореше и Папрадиште.

Информацијата ја потврдија од планинарскиот дом „Папрадиште“:

„Ги информираме сите патници, планинари и жители на околните села Ореше и Папрадиште кои го користат возот Скопје- Битола- Скопје дека од 1- ви јули 2023 год. ЈП Македонски железници трајно ја укинааОрешка станица, и возовите веќе не сопираат на оваа железничка постојка“.

Планинарите велат дека Македонски Железници АД Транспорт ја укинале постојката затоа што нивната анализа покажала дека многу малку луѓе и планинари се симнувале на станицата и возот непотребно губел 30 до 65 секунди време и залет кон угорницата пред долгиот тунел за прилепско Гостиражни.

“Тоа е дека од 1- ви јули 2023, железничката постојка на Орешка Станица( после Богомила) на пругата Скопје-Битола- Скопје се УКИНУВА, оти многу ” малку” планинари и луѓе се симнувале и возот непотребно губел од 30 до 65 секунди залет и време.
Со одлуката на МЖ базирана на сериозна и сеопфатна анализа, укинати се и други стојалишта од и онака ужасно малиот број линии“, истакна Игор Смилев од планинарскиот дом во Папрадиште.

Би можело да ве интересира

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

(ВИДЕО) Воз излета од шините кај Волгоград, 100 патници се повредени

Воз прегази скопјанец кај булеварот „Србија“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек