Трајковски: Се преземаат сите мерки за заштита по првиот случај на КОВИД-19 во Делчево

Од:

Надлежните служби ги прават соодветните епидемиолошки анкети, за да се детектираат контактите на лицето кое е прв позитивен случај на Ковид-19 во Делчево. Ова денеска на прес-конференција го истакна градоначалникот Горан Трајковски, кој најави дека ќе се постапи соодветно со цел да не се дозволи ширење на вирусот низ населението на Делчево.

-Согласно информациите од надлежните служби, присуството на коронавирусот е регистрирано кај еден жител на Делчево кој поради хронична болест неколку недели престојува на болничко лекување на скопските клиники и според нашите сознанија таму се заразил со коронавирусот. Му посакувам брзо оздравување на нашиот сограѓанин, а воедно, изразувам благодарност до семејството на пациентот за самосвеста и одговорноста, бидејќи семејството веднаш се самоизолиралo, рече Трајковски.

Директорката на Здравствениот дом Глигоровска додаде дека нема други индиции за евентуални можни нови случаи на коронавирус во Делчево.

-Пациентот контакти со други лица од Делчево немал, освен што лица од семејството накратко го посетиле. Ние ги преземавме сите мерки, семејството се самоизолираше, така што од конкретниот случај нема ризик да се појави втор случај на коронавирус. До граѓаните апелирам да продолжат како и до сега да ги почитуваат препораките и, пред се, да не се создава паника, додаде Глигоровска.

Дополни дека Здравствениот дом е добро опремен и во случај да има било каков сомнеж за нова инфекција од коронавирус, ќе бидат преземени сите мерки за заштита од негово ширење.

Во Делчево во моментов има девет лица во самоизолација кои според надлежните ги почитуваат мерките од надлежните.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ