Трајковски: Исконтактиравме со околните општини, помошта е на пат

Од:

Имаме исконтактирано со околните општини, помошта во однос на пумпи за исфрлување на вода, е на пат и чекаме, имаме организирано, знаеме каде да ги упатиме овие пумпи. Луѓето на коишто им се поплавени домовите, може да се јавуваат на бројот 193 во Пожарната, изјави за МИА, делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, по силното невреме што ги зафати Делчево и околината.

Тој информира дека се поплавени одредени улици, пропаднат е асфалтот на една од нив, а на терен се екипи на Територијалната противпожарна единица, јавното комунално претпријатие, „Македонија пат“.

Полицијата што го регулира сообраќајот е тука, додаде тој, за да може што побрзо да се стави градот во функција и да се помогне на луѓето, таму каде што се поплавени домови.

– Врнежите, со тој интензитет со којшто беа во време од час и неколку минути, нема атмосферска канализација што може да ги апсорбира, рече Трајковски, меѓу другото.

Директорот на комуналното претпријатие Стојче Стојковски појасни дека поради настанати дефекти, можно е одредени населени места во текот на ноќта да бидат без вода за пиење.

Трајковски и Стојковски препорачуваат засега граѓаните да купуваат вода за пиење.

Би можело да ве интересира

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина