Трајановски: Жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година

Од:

Измина целиот мандат на Муцунски и Митески во Општина Аеродром, а жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година. Наместо реализација, гледаме само празни зборови и неисполнети обврски, се вели во изјавата на кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Александар Трајановски.

„Во програмата беше ветена целосна реконструкција и обнова на улиците во населба Лисиче, со конкретно наведено решение за паркирањето, нов кружен тек на булевар „Февруарски поход“ со улица „Тодор Чангов“, како и детален урбанистички план за улицата „Ѓорѓи Капчев“. Во програмата на Дејан Митески може да се препишат истите проекти затоа што ништо од ова не е реализирано.

Тука сме на улицата „Тодор Чангов“, една од најфреквентните во овој дел на општината, состојбата е понижувачка за граѓаните. Дупките, нефункционалната атмосферска канализација и недоволната осветленост претставуваат секојдневен ризик за пешаците и возачите. Ветувањето за доизградба на атмосферска канализација остана само запишано на хартија.

Исто така, улицата „Ѓорѓи Капчев“ требаше да добие нов урбанистички план и поставување на атмосферска канализација, со што ќе се подобрат условите за живот на жителите. Денес, таа улица изгледа речиси исто како пред четири години — без систем за одведување на водата, без уредени тротоари и со нарушена безбедност во сообраќајот.

Не дозволувајте повторно да ве лажат и манипулираат и во недела на 19 октомври изберете работа и реални проекти, а не нови лаги и празни ветувања, вели Трајановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО