Трајановски: Тодоровиќ нека појасни каков договор имавме за фасадите

Од:

Град Скопје со реакција на тврдењето на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски дека не постои никаков договор според кој општината треба да ги фасадира задните страни на зградите, додека Град Скопје само предните. Коце Трајановски ги повика новинарите да му се јават на претходниот градоначалник Владимир Тодоровиќ и да објаснел за каков договор станува збор.

Трајановски не прецизира во соопштението дали договорот е писмен, а не доставува ниту таков договор на увид. Жерновски тврди дека Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ се договориле нешто за фасадите усно, но тоа него не го обврзува воопшто доколку нема писмен договор меѓу општината Центар и Град Скопје. Следува интегралнара реакција на Град Скопје.

Господине Жерновски,

Градот Скопје ги има почнато и во најголем дел завршено сите законски постапки што се потребни за реконструкција на фасадите на објектите во строгиот центар на градот почитувајќи ги принципите на енергетска ефикасност, направени се проектите, направена е ревизија на тие проекти, обезбедени се финансиски средства за реконструкција на фасадите и спроведени се јавни набавки за избор на изведувач.

Прашањето што сакаме да Ви го поставиме е – Што од овие постапки има завршено општината Центар па што со толкава одлучност сака да реконструира фасади на објектите во строгиот центар.

Ако навистина имате желба да направите нешто во општината тоа може да го сторите, зашто на подрачјето на општината Центар има голем број нерешени проблеми што се во надлежност на Општината Центар. Но, едно е јасно, Општината Центар не почнува со Вас.

Ги повикуваме сите медиуми да се обратат до Владимир Тодоровиќ, претходниот градоначалник на Општината Центар за да појасни дали кога тој бил градоначалник било договорено Градот Скопје да ги обновува предните страни на фасадите од објектите во центарот, а Општината Центар да ги обнови задните страни од фасадите, за да се разреши оваа дилема.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски