Трајановски: Со 47 милиони денари ќе се реконструираат средните училишта

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и советникот во Советот, Борче Геогиевски, денеска го посетија средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ каде се во тек градежните работи за рекострукција на покривот на училишната зграда.
– Се покриваат двете ламели каде што се сместени училниците, кои што се со вкупна површина од 2.275 квадратни метри. Се надевам дека реконструкцијата на покривот ќе заврши до почетокот на учебната година, рече градоначалникот Трајановски.

Додаде дека минатата година за покривање на дел од училишната зграда на СУГС „Панче Караѓозов“ се потрошени 1,5 милиони денари, а притоа со ребреста лимарина е покриена површина од 520 квадратни метри.

– Годинава ќе се изврши реконструкција во 16 средни училишта, а Градот од својот Буџет издвои околу 47 милиона денари. Дел од овие средстава ќе се инвестираат во проекти коишто ќе ја подобрат енергетската ефикасност на училиштата, а дел за реконструкција на подовите во училниците, санитарните јазли и електриката, истакна Трајанавски.

За време на летниот распуст ќе се заменат и азбестно-цементните покриви на СУГС „Јосип Брос Тито“ со површина 4.620м2 и на СУГС „Цветан Димов“ со површина 2.150м2, за што од Градот се издвоени 17.564.540 денари.

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски