Трајановски се сретна со новата турска амбасадорка Тулин Еркал Кара

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска оствари средба со новиот амбасадор на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара.

На средбата градоначалникот Трајановски и посакал добредојде на амбасадорката во Скопје, изразувајќи уверување дека соработката меѓу двете држави ќе продолжи да се развива во позитивна насока.

Трајановски, како што е наведено во соопштението од неговот кабинет, истакнал дека соработката на двете држави е на високо ниво, како и соработката на Градот Скопје со Турската амбасада во Македонија. Тој посочил дека Скопје негува одлични односи и со повеќе општини во Турција, пред се со збратимените Истанбул и Маниса со кои има одлична соработка.

На средбата станало збор за досегашната соработка, начините за нејзино продлабочување, како и за актуелната политичка состојба во Македонија и состојбата со одржувањето на локалните избори.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот