Трајановски се сретна со италијанскиот амбасадор Белели

Од:

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска се сретна со новиот италијански амбасадор во Македонија Ернесто Масимино Белели.

Амбасадорот Белели, како што информира Град Скопје, истакнал дека како голем пријател на Република Македонија и на Скопје ќе ги искористи сите можности да лобира за што побрз влез на Република Македонија во ЕУ.

На средбата Белели ја нагласил неговата мисија во промовирањето на билатералните односи на Италија и Македонија и изразил подготвеност да помогне и во развојот на соработката меѓу градовите од двете земји. Италија, нагласил, е силно посветена градовите да добијат свој индивидуален белег.

Трајановски се осврнал на досегашната соработка на Град Скопје со градовите Бари и Торино со кои веќе постои потпишана спогодба за соработка. Информирал за соработката меѓу невладините организации од Скопје и од Бари и за урбаното планирање, како интересна област за соработка со Торино.

Градоначалникот Трајановски го информирал италијанскиот амбасадор и за помошта што Град Скопје ја доби од Торино при изработката на генералниот урбанистички план на Скопје, со дефинирање на линиските центри покрај булеварите во градот. Амбасадорот Белели истакнал подготвеност да ги поддржи сите иницијативи и активности во рамки на соработката на Град Скопје со италијанските градови Торино и Бари.

На средбата, како што информира Град Скопје, Белели истакнал задоволство што е амбасадор во Република Македонија и што е жител на градот во кој е роден римскиот император Јустинијан. м

Би можело да ве интересира

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот