Трајановски се сретна со делегација на ПС на НАТО

Од:

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски, претседателот на Советот Ирена Мишева и секретарот на Град Скопје Гордана Клинчарова денеска во Собранието на Република Македонија имаа средба со делегацијата на Комисијата за цивилна димензија  на безбедноста, Парламентарно Собрание на НАТО.

Како што информира Град Скопје, во состав на делегацијата биле Лорд Џоплин, претседател на Комисијата од Велика Британија, Виталино Цанас, претседател на Поткомитет за демократско владеење од Португалија, Жоли Гарио-Мајлам, потпретседател од Поткомитет за демократско владеење од Франција и претставници на земјите  членки Франција, Грција, Полска, Турција, Хрватска и  Руската Федерација.

– Град Скопје активно работи на оваа проблематика, односно на кризниот менаџмент. Формиран е и функционира Градски штаб за заштита и спасување, при што нејзин командант е градоначалникот на Град Скопје, а е составен од началник и помошници на началникот. Овој Штаб работи врз основа на Законот за заштита и спасување и со него се опфатени и јавните претпријатија, како и Бригадата за  противпожарна заштита на Град Скопје, се вели во соопштението.

Градот Скопје од 2012 година  е и член на меѓународната организација CTIF,  Интернационална организација за пожари и заштита и спасување која дејствува во областа на заштитата и спасувањето и преку која во иднина ќе се врши едукација и дообука на кадри од областа на заштитата и спасувањето.

– На повисоко ниво е и соработката со збратимените градови на Скопје при што досега во повеќе наврати беше доделена техничка и едукативна помош. Согласно  со Законот за заштита и спасување направен и донесен од Советот на Град Скопје е и План за заштита и спасување,  и е направена проценка на ризиците. Град Скопје како посебна единица на локалната самоуправа има одредени права и должности кои се однесуваат на заштитата и спасувањето, особено на територијата на Град Скопје, а Скопскиот регион опфаќа вкупно 18 општини,  кои произлегуваат од Законот за заштита и спасување, се вели во соопштението од Град Скопје.

На средбата бил потенциран значајниот придонес на земјите партнери во  кризниот менаџмент, како и неопходноста од постојани активности кои ќе вклучуваат брифинзи и консултации, експертски посети, курсеви по кризен менаџмент, учество на партнерите на годишни вежби во НАТО за справување со кризи и обезбедување на општи документи за кризен менаџмент за земјите партнери.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош