Трајановски се сретна со бизнис заедницата по повод 50 години од скопскиот земјотрес

Од:

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска се сретна со претставници од бизнис заедницата од главниот град за да ги запознае со деталите поврзани со одбележувањето на 50 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година го погоди Скопје.

– За трагедијата што му се случи на Скопје во 1963 година, дозна целиот свет и веднаш почна да пристигнува хуманитарна помош, а скопјани покажаа истрајност, храброст и солидарност која беше за восхит. Скопје, во годините по невидената катастрофа, интензивно се градеше со донациите од целиот свет, но и со посветеноста и љубовта на граѓаните на главниот град на Република Македонија. Токму затоа, за да им оддадеме почит, а воедно достојно да одбележиме 50 години од катастрофалниот земјотрес, Град Скопје во координација со Универзалната сала во Скопје и голем број други институции, ќе организираат неколкумесечни активности под мотото „Скопје се сеќава“, се вели во соопштението од Град Скопје.

На 50-годишнината од трагичниот настан, како што се наведува, ќе се потсетиме на минатото, но истовремено ќе погледнеме и кон иднината, со нова надеж, но и со нова визија, за ова Скопје, за градот на солидарноста, но и за солидарниот град Скопје, чијшто аманет е да помага исто како што на жителите на овој град му помогнаа 87 нации од светот.

Трајановски ги повикал сите заинтересирани да се вклучат во одбележувањето на половина век од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје.

На средбата директорката на ЈУ Универзална сала-Скопје Вера Бошковска и координатор на целиот проект одржала презентација за тоа што опфаќа отворената платформа „Скопје се сеќава“.
Потенцирала дека одбележувањето на 50-годишнината ќе трае со месеци. Активностите ќе почнат идниот месец, додека поинтензивни активности се планираат во деновите пред и по 26-ти јули, со еден централен мултимедијален настан на самиот ден.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош