Трајановски се сретна со амбасадорот на Црна Гора

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски се сретна со амбасадорот на Црна Гора, во Република Македонија, Душан Мрдовиќ.

На средбата градоначалникот Трајановски изрази задоволство од досегашната соработка на Градот Скопје со Амбасадата на Црна Гора.

Тој ја нагласи потребата за јакнење на соработката на Градот Скопје со Градот Подгорица во повеќе области коишто ги содржи Спогодбата за соработка на двата главни градови, потпишана во 2008 година во Подгорица. Градоначалникот Трајановски потенцираше дека прогласувањето на претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ за почесен граѓанин на градот Скопје е само уште еден знак за подготвеноста, пријателските односи помеѓу двете земји да се развиваат уште поинтензивно.

Амбасадорот Мрдовиќ истакна дека титулата почесен граѓанин значи многу и за претседателот Вујановиќ и за Црна Гора, како едно посебно признание за важноста на негувањето на соработката чија круна е збратимувањето на двата главни градови на чија соработка во иднина мора поинтензивно да се работи.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство