Трајановски промовира проект за подобро водоснабдување во општина Шуто Оризари

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Коце Трајановски денеска го промовираше проектот за подобрувањето на водоснабдувањето во општина Шуто Оризари.

– Станува збор за горлив проблем кој ги мачи жителите од овој дел од Скопје и со реализацијата на проектот ќе се подобри водоснабдувањето за околу 40.000 жители, рече Трајановски.

Во проектот, како што појасни, предвидено е изградба на пумпна станица кај булеварот „Босна и Херцеговина“, нов потисен цевковод до постојните резервоари и нов резервоар, во вредност од околу 2,5 милиони евра.

– Во општина Шуто Оризари според изборната програмата е предвидена и реконструкција на една од главните сообраќајници, а тоа е дел од улицата „Нов Живот“ на потегот од улицата „Брсјачка Буна“ до улицата „Шуто Оризари“, во должина од околу 400 метри, изјави Трајановски.

Тој потсети дека во изминатите четири години во 10-те скопски општини реализирани се голем број проекти за подобрување на животот на жителите и најави дека со иста динамика ќе се продолжи и во наредниот мандат. 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија