Трајановски: Подобрување на условите во индустриската зона „Визбегово“

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски ја посети индустриската зона „Визбегово“ каде оствари средби со повеќе бизнисмени.
На средбата стана збор за досегашната соработка помеѓу Градот Скопје и претставниците од индустриската зона и за нејзино продлабочување.

– Како градоначалник се заложив и во иднина ќе работам градската администрација и јавните претпријатија да бидат во функција на подобрување на условите за работа во индустриските зони и за нивен побрз развој, рече Трајановски.

Тој им презентираше дел од проектите од изборната програма кои се во насока на подобрувањето на инвестицискиот амбиент во Скопје.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември