Трајановски не е промена за СДС, промена и реформа се можни само со оставка на Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Најавите на Венко Филипче за промени во партијата засега почнаа и завршија со неговиот партиски другар, Александар Трајановски. Само неговиот партиски другар Трајановски кој влезе во изборите знаејќи на самиот старт дека е губитник, прифати да биде потпретседател на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од најавите за нови кадри и реформи на Филипче не бидна ништо, тешко и дека ќе бидне, бидејќи следејќи ги настаните во партијата сè се врти по тоа како диктира Зоран Заев. За СДС едно е јасно промени и реформи во партијата може да има само ако оставка даде Филипче. Се додека сè се врти околу вилите, хотелите, јахтите, забавите во Обединетите Арапски Емирати и Грција промени нема. И самиот Трајановски е дел од оваа слика, или виден летово во Грција на луксузно минати викенди во јахти и вили заедно со Филипче и Заев. Трајановски не е промена и реформа за СДС. Промена и реформа единствено е оставка на Филипче и тргање на партијата од диктатот на Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?