Трајановски на увид во градежните работи за проширување на булеварот „Партизански одреди“

Од:

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска изврши увид во градежните работи на првата фаза од проектот за проширување на булеварот „Партизански одреди“ кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров.

Деновиве започна поставувањето на првиот слој асфалтирање на краците на новата кружна крстосница кај Порта Влае, којашто е формирана на поранешната крстосница помеѓу булеварите „Партизански одреди” и „Ѓорче Петров” и улицата „Ацо Шопов“ кај Порта Влае.

Трајановски е задоволен со динамиката на изградбата на овој кружен тек и рече дека со неговата изградба значително ќе се намали сообраќајниот метеж и ќе се зголеми општата безбедност во сообраќајот.

– Очекувам денеска да заврши асфалтирањето на првиот слој на оваа важна сообраќајница, додека за 10 до 15 дена, доколку дозволат временските услови, ќе започне и поставувањето на вториот слој. По завршувањето со нанесување на вториот слој, во зависност од временските прилики, ќе биде поставен и третиот-финален слој на асфалт, а доколку временските услови не дозволат, тоа ќе се изврши напролет. Во секој случај, сообраќајот ќе се одвива на асфалтирана подлога, со што граѓаните нема повеќе да возат по тампон и кал и нема да ги валкаат своите возила, изјави Трајановски.

Новиот кружен тек е со дијаметар од 40 метри, односно коловоз од 9 метри со две сообраќајни ленти, со заштитна патека од 1,5 метри и простор каде ќе биде поставено средишно зеленило.

Неговата изградба е дел од проектот за проширување на булеварот „Партизански одреди” до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле”. Проектот се реализира во две фази – во оваа фаза е предвидена изградба на кружниот тек и проширување на булеварот „Партизански одреди“ до влезот во автобазата на ЈСП.

Втората фаза ќе следува по експропријација на земјиштето и ќе го поврзе булеварот „Партизански одреди“ со кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“.

На проширување на булеварот „Партизански одреди“ кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, со изградба на кружен тек кај Порта Влае работат екипите на „Бауер БГ“, а за реализацијата на првата фаза од овој проект се одвоени околу 50 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски најави пошумување на Скопје, како и 50 мали маалски паркови

Горан Наумовски

Мицкоски: Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните

72-годишен маж од Скопје починал на улица

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост