Трајановски на средба со регионалните уредници на Deutsche Welle

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски оствари средба со поголем број на уредници од регионот на медиумската куќа Дојче Веле (Deutsche Welle).

На оваа средба Трајановски дал краток опис на историјата на Скопје и неговите карактеристики, како и надлежностите на локалната самоуправа во Република Македонија.

Како што информираат од Градот, на средбата уредниците поставувале прашања околу состојбите во Градот Скопје и Република Македонија, поважните проекти кои се реализирани во Скопје изминативе години и слично.

Дојче Веле (Deutsche Welle) е медиумска мултимедијална куќа која постои 60 години. Истата емитува телевизиска, радио и интернет програма, која на официјалниот интернет портал се прикажува на 30 различни светски јазици.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош