Трајановски на првиот училиштен час во „Раде Јовчевски Корчагин“

Од:

Во скопските средни училишта од денеска учебната година ја почнуваат 6.496 ученици. Градоначаникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска присуствуваше на првиот училиштен ден од оваа учебна година во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ и посака успешен почеток.

– Се надевам дека сте направиле правилен избор, ова е многу добра гимназија со високо реноме, така што од вас очекуваме да учите и да постигнете големи успеси. Но, треба да знаете дека успехот зависи само од вашиот ангажман во учењето и од правилниот распоред на времето во текот на денот. Затоа Ви велам дека треба да учите и поголем дел од денот да го посветите на учењето за сите ние во иднина да се гордееме со вас, а Вашето време допрва доаѓа, им порача Трајановски.

СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, како што наведуваат од Град Скопје, годинава ги пречекува учениците со нови подови во училниците, реновиран покрив на објектот и уреден двор, односно во многу посолидни услови за работа.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница

Трајановски не е промена за СДС, промена и реформа се можни само со оставка на Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа