Трајановски: Луна паркот ќе биде даден на јавно приватно партнерство на менаџирање на 30 години

Од:

Луна паркот во Скопје ќе биде даден на јавно приватно партнерство на менаџирање на 30 години. Инвестицијата за овој Луна парк е осум милиони евра при што треба да има четири адреналински реквизити, а останатите ќе бидат од различен тип. Реквизитите ќе бидат наменети за деца, тинејџери и за возрасни. За сите возрасти на луѓе ќе има забава во Луна паркот.

Ова денеска го изјави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски, кој рече дека Луна паркот е стар 40 години и е неатрактивен за посетителите на Скопје. Поаѓајќи од тоа, посочи Трајановски, Градот Скопје уште во 2009 година ја почна постапката за изградба на нов Луна парк.

– За таа цел изготвивме студија преку шпанска компанија врз основа на која објавивме два тендери, на првиот никој не се пријави, а на вториот се пријави една италијанска компанија која за малку не ги исполни условите, но се уште е заинтересирана. Студијата е со јавно приватно партнерство, рече Трајановски и додаде дека во неговата изборна програма е ставена изградба на Луна парк.

koce-luna-park2

Потенцира дека сега после толку анимирање и наоѓање на компании кои се заинтересирани да инвестираат во Луна парк, е сигурен оти во наредниот период ќе има Луна парк во Скопје.

Луна паркот, рече Трајановски, сега е на површина од 26 илјади метри квадратни со тоа што со новиот ДУП се даде можност да може да биде изградена површина од 40 илјади метри квадратни.

– Со тоа сметаме дека ќе биде поатрактивен за јавниот приватен партнер. Многу е важно тоа што сакаме да најдеме приватен партнер кој веќе менаџирал со луна паркови и кој постојано ќе инвестира во атрактивноста на овој Луна парк и конечно граѓаните на градот Скопје и пошироко да доаѓаат во Луна паркот, додаде Трајановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија