Трајановски го промовира проектот за продолжување и проширувањето на булевар „Србија”

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски и новоизбраниот градоначалник на Општина Кисела Вода Билјана Бечичанец Алексиќ денеска го промовираа проектот за продолжувањето со проширување на булеварот „Србија“.

Оваа сообраќајница ќе се реконструира и прошири во булевар со четири сообраќајни ленти од новиот кружен тек кај фабриката „Усје” до улицата „Христо Татарчев“ ( поранешна „Сава Ковачевиќ“). Станува збор за реконструкција и проширување на Булеварот Србија на потег во должина од околу 600 метри.

Трајановски наведе дека активностите ќе започнат со изработка на техничка документација на овој проект, а текот на реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Србија” ќе зависи од расчистувањето на имотно-правните односи.

Претходно, Градот Скопје го реконструира и продолжи булеварот „Србија” на потег во должина од 2 000 метри, каде се доби модерно булеварско решение со пет коловозни ленти, уредени тротоари и велосипедски патеки, ново осветлување и средишно зеленило.

Овој булевар беше проширен на делот од крстосницата со булеварот „Видое Смилевски Бато“ до булеварот „Борис Трајковски“ (поранешната улица Првомајска). За изградба на овој капитален објект Градот Скопје потроши околу два милиона евра.

Новата сообраќајница овозможи подобра комуникација меѓу општините Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада