Трајановски ги посети Инџиково, Црешево, Смилковци, Виниче и Страчинци

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /08.08.2016 година, понеделник/ посети неколку населени места кои беа погодени од големото невреме што пред два дена го зафати Скопје. Трајановски заедно со министрите за здравство, за внатрешни работи и за транспорт и врски, Никола Тодоров, Митко Чавков и Владо Мисајловски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу ги посетија Инџиково, Црешево, Смилковци, Виниче и Страчинци, каде што се во тек активностите за расчистување на теренот и последиците од катастрофалното невреме.

Градоначалникот Коце Трајановски во просториите на ОУ „Дане Крапчев“ одржа координативен состанок со претставници од армијата, Дирекцијата за заштита и спасување и со претставници од месните заедници од овие скопски села.
На терен најпрвин почна санацијата и чистењето на каналот во населеното место Инџиково, за да можат да се испразнат и атмосферските канализации, како и дворовите и куќите на граѓаните.

-Екипите на Градот Скопје и на општините се на терен и неуморно им помагаат на жителите кои настрадаа во поплавата, рече денеска градоначалникот Коце Трајановски.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски