Трајановски: Четири години неуморно работам на реализација на проектите кои им ги ветив на граѓаните на Скопје

Од:

Нема да навлегувам бидејќи нивна работа е кого ќе кандидираат за градоначалник. Кој и да биде кандидат за градоначалник на Скопје од СДСМ ќе треба на граѓаните да им каже што направил за Скопје и што планира да направи за градот, рече денеска Трајановски.

„Кого и да кандидираат, тој треба да каже што направил за Скопје, добро или лошо, и што ќе направи. Јас мислам на Скопје. Овие четири години неуморно работам на реализација на проектите кои им ги ветив на граѓаните на Град Скопје и на проектите кои во меѓувреме излегоа како приоритет, секако искажани од граѓаните.

За Град Скопје треба да биде човек кој знае да обединува. Човек кој знае да соработува со сите оние кои можат да придонесат за реализација на проекти на Град Скопје и за подобро Скопје. И плод на таа соработка и на таквата работа се сигурно вака големиот број на реализирани проекти во Град Скопје“, рече Трајановски, одговарајќи на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Притвор за турски државјанин кој со капак од шахта тепаше сограѓанин во Скопје

А1он

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега

Убиство во Скопје: Си ја уби сопругата, па сакаше да избега во Србија

Горан Наумовски

Во несреќен случај загина возач од Скопје

ОЈО: Гевгеличанец е осомничен за демнење, предложени се мерки за претпазливост

Горан Наумовски