Трајанов: Техничката влада да биде одраз на составот на Парламентот

Од:

На новиот мандатар му предлагаме при составот на техничката Влада да води сметка за бројот на пратениците и партиите кои се дел од Владата, како и за соодветната и правична застапеност на сите етнички заедници, вели Павле Трајанов од Демократски сојуз.

– Досега ДУИ и Алијансата на Албанците со 20 пратеници раководеа со 8 министерства, додека СДСМ со 41 пратеник имаше премиер и осум министерства. Со номинацијата на Талат Џафери за премиер, како и вкупниот број пратеници од СДСМ и опозицијата (најмалку 86), неопходно е целосно рекомпонирање на составот на Владата, која најмалку четири месеци ќе владее со државата. Ковачевски си оди, но зад него остава Влада која во голема мера ќе ги загрози стратешките, државните и националните интереси на Македонија, стабилноста и меѓуетничката кохезија – нагласува Трајанов.

Би можело да ве интересира

Павле Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за Хашките случаи

Трајанов: Постапката за хашките предмети да продолжи

Орце Костов

Павле Трајанов побара информација од МВР за грозоморните убиства

Горан Наумовски

Трајанов: Итно да се усвојат измените на Изборниот законик за една изборна единица

Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на измените на Кривичниот законик

Трајанов: Нема поддршка за уставни измени, ако сакате модерна и европска Македонија, излезете на избори

Предраг Петровиќ