Трајанов: Сега повторно е време за храбри луѓе и храбри одлуки

Од:

Павле Трајанов, носител на листата за пратеници во првата изборна единица, на прес конференцијата се обрати до припадниците на полицијата „Загрозена е стабилниста на државата, со изборите владејачките партии се обидуваат да го прикријат криминалот, злоупотребата на системите за прислушкување и фалсификување на волјата на граѓаните”.

Во 91/92 заедно спасивме 12.000 млади регрути да заминат на туѓ фронт, ги обезбедивме границите, остваривме ефективна контрола над целата територија на Македонија, ја принудивме ЈНА да си замине и несебично се вградивме во изградбата на самостојна и независна Македонија.

Сега повторно е време за храбри луѓе и храбри одлуки, затоа ве повкувам да направите се за да имаме услови за фер, демократски и кредибилни избори.

Бидете со народот, бидете со нас, за после 11-ти декември да обезбедиме стабилност, за да се врати мирот и спокојството во секој дом, во секое е семејство.

Само со промена на власта ќе се отворат перспективи за да младите останат овде во Македонија.

Граѓаните се под притисок на власта, не се чувствуват безбедни, постои неизвесност и стравување за иднината на државата.

Секојдневно се вршат провални кражби во станови, сериозно е загрозена личната безбедност на граѓните и затоа ќе ги вратиме полицајците да бидат помеѓу граѓаните.Знам дека сите заедно ќе го срушиме режимот. Ајде приклучете ни се и да ги испратиме криминалците каде што им е место.

Се обраќам и до сите просветни работници, до професорите „Вие сте инелектуалната сила која ги образува и воспитува младите, учениците и студентите. Ве повкувам, да ни се приклучите и да го срушиме овој режим, кој секојдневно ве тероризира и Ве присилува да одите на митинзи. Колицијата за Промени и Правда е со Вас, има услови и тоа го заслужувате, да имате двојно повисоки плати, а екстерното тестирање ќе го укиниме”, нагласи Павле Трајанов.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада