Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на измените на Кривичниот законик

Од:

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска до Уставниот суд поднесе иницијатива за преиспитување на уставноста на последните измени на Кривичниот законик, со кои се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружување и се предвидува декриминализација на кривичното дело поврзано со јавните набавки на штета на државата.

Во иницијативата се укажува на обврската уставните одредби за владеење на правото и законите да важат подеднакво за сите, како и на потребата од заштита на државниот имот од злоупотреби на носителите на јавни функции.

Воедно, се очекува Уставниот суд по службена должност да донесе времена мерка за одложување на примена на измените во Кривичниот законик до донесување конечна одлука за Иницијативата.

Би можело да ве интересира

Трајанов: Нема поддршка за уставни измени, ако сакате модерна и европска Македонија, излезете на избори

Предраг Петровиќ

Демократски Сојуз: Османи ги загрозува евроинтеграциите на Македонија

Демократски Сојуз: Наместо за уставни измени, 61 глас за распуштање на парламентот и демократски избори

Трајанов предлага формирање на Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал и висока корупција

Павле Трајанов на лидерска ќе бара: Предвремени избори или Влада со сите партии

Кристијан Ландов

Демократски сојуз: Парламентот да расправа за инвестициите во инфраструктурата