Трагедија: Загинаа 6 лица во експлозија на автомобили

Од:

Шест лица ги загубија животите во  сообраќајната несреќа што се случи попладнево на патот Куманово-Крива Паланка, потврди портпаролката на СВР Куманово, Валентина Николовска.

Во несреќата кај кумановско Смилчинци настрада едно семејство од Скопје. Во автомобил марка „бмв“ со скопски регистерски таблички животот го загубија маж, жена и две деца (четиригодишно и шестгодишно дете). Телата на жената и дечињата биле целосно изгорени.

Во вториот автомобил „пасат“ со кумановски таблички животот го загубија две возрасни лица.

Николовска информира дека несреќата се случила во 16:45 часот. По директниот судир возилата „бмв“ и „пасат“ се запалиле, а потоа експлодирале.

Засега се непознати причините поради кои дошло до стравичниот судир.

Полицијата врши увид на местото на сообраќајката, а екипа на судска медицина ги идентификува телата на починатите.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски