Трагедија на патот Кочани- Виница: загина 48-годишник

Од:

На 16 декември 2025 година, во 17:35 часот, во ОВР Кочани било пријавено дека на магистралниот пат Кочани–Виница, на локација позната како „Сланечки дол“, патничко возило „Пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ. (48) од Виница, излетало надвор од коловозот.

Од здобиените повреди, возачот починал на местото на настанот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кочани.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес