Традиционално, на падините на Водно во месноста Говрлевска Краста каде што се наоѓа Бадникарската шума, членовите на Одборот за одбележување на Бадник и граѓани на Скопје денеска ќе берат бадникови гранчиња што ќе им бидат бесплатно разделени на нивните сограѓанина скопјани.
Првото бадниково гранче кое претставува симбол на среќата, сонцето и животот ќе го пресече новиот кум на Бадник Александар Џиковски заедно со здравичарот Благоја Анчевски-Дечко.
На средбата се очекува да присуствуваат стариот кум и здравичар Методија Стефановски-Тоде и Владо Плавевски, некокумина поранешни кумови и здравичари, градоначалникот на Скопје, претставници на општината Сопиште, странски дипломати, свештени лица од МПЦ, претставници на естрадата, граѓани и добронамерници.
Собирно место за поканетите гости и за сите што точно не ја знаат локацијата на Краста, екрстосницата на патот за Драчаево и патот за Маркова Река и Батинци, пред мостот на Маркова Река. Оттаму групно се тргнува околу 11 часот и 30 минути.