Традиционалната „Мичуринска средба“ нема да се одржи, ќе има хуманитарна акција

Од:

„Мучуринската средба“, која традиционално се одржува на 14 јануари, на православниот празник Свети Василиј, оваа година нема да се одржи поради ситуацијата со Ковид-19, соопштија организаторите.

Одбележувањето на средбата оваа година ќе биде со хуманитарна акција, со делење пакети со храна за загрозените категории на граѓани кои живеат во населбата Мичурин и во општина Аеродром, информираат од Одбор за организација на „Мичуриската средба“.

– По повод претстојниот православен христијански празник Св. Василиј или познат кај нас како Василица, поради пандемијата Ковид 19, претседателот Георги Гаштаров и организацискиот одбор на традиционалната Мичуринска средба донесе одлука да не се организира пречекот на Стара Нова година, соопштија од одборот, додавајќи дека традицијата ќе ја продолжат со хуманитарна акција.

Целта на хуманитарната акција е задржувањето на традицијата на „Мичуринската средба“, која ќе продолжи и понатаму со годините кои се пред нас, велат од одборот..

Тие информираат дека нивната програма ќе почни со литургија утре напладне во црквата „Пресвета Богородица“ со почеток од 12 часот.

Оваа година Мичуринската средба требаше да се одржи по 25-ти пат.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски