Камион удри пешак на патот Штип – Велес

Од:

На магистралниот пат Штип – Велес кај кртосницата Овче Поле, вчера околу 18,55 часот, Г.С.(48) од Скопје управувајќи товарно моторно возило „опел мовано” со скопски регистарски ознаки, удрил во пешак М.Г.(57) од Свети Николе.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобилa М.Г., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничка болница Штип, од каде по укажана лекарска помош е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.

МВР денеска соопшти дека е извршен увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка близу „Стража“, има повредени

Пет лица повредени во судир на три возила на скопската обиколница

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски