Товарен воз излета од шини кај Демир Капија, нема повредени

Од:

Товарен воз кој сообраќал на релацијата Гевгелија – Скопје излета утрово од шините кај Демир Капија. Нема повредени, причинета е мала материјална штета. Железничкиот сообраќај е во прекин.

– При влез во железничка станица Демир Капија изутрина во 8 и 30 товарен воз се лизнал на свртницата  при што таа е оштетена. Оштетени се и дел од колосеците, сигналите и вагоните. Возот бил товарен со слабови на Железарницата Скопје, изјави за МИА Невзат Мамути, портпарот на МЖ Инфраструктура.

Воз Демир Капија 5

Комисијата за увид и расчистување на настанот е на терен и ги утврдува причините поради кои дошло до несреќата.

– Се прават напори сообраќајот да се пренасочи во другиот колосек, со цел да нема застој во железничкиот сообраќај во тој дел на земјата, информираат од МЖ Инфраструктура.

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка близу „Стража“, има повредени

Пет лица повредени во судир на три возила на скопската обиколница

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски