Тошковски: За брзини до 100 км на час ќе има толеранција од 6 километри

Од:

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај останатите полициски радари, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Тоа значи дека за брзини до 100 километри на час ќе има толеранција од шест километри, за брзини над 100 километри на час осум километри, а за брзини над 200 километри на час дванаесет километри, појасни Тошковски, додавајќи, пак, дека ако е дозволено 50 км/ч „Безбеден град“ ќе регистрира прекршок од 57 км/ч.

Министерот нагласи дека оваа толеранција се однесува исклучиво на сообраќајни прекршоци, но не важи во случаи кога ќе биде сторено кривично дело поврзано со сообраќајот.

Тошковски информираше дека системот „Безбеден град“ ќе ги процесуира и службените возила кога тие не постапуваат во рамки на оправдани оперативни дејствија,

-Кога служените возила ќе постапуваат во рамки на нивното оперативно делување, нема да бидат во систем, кога нема да постапуваат во рамки на оперативно делување, ќе бидат. Тоа значи дека секое возило на брза помош, пожарна, МВР, Министерството за одбрана, при вршење службени дејствија нема да биде дел од системот доколку тоа се оправда согласно целисходноста на нивното делување во рамки на нивното службено дејствие, истакна Тошковски.

Проектот „Безбеден град“, заедно со неговото одржување во периодот од 2008 до 2025 година, ги чинел граѓаните околу 85 милиони евра, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Интервентната полиција често пати беше прва на терен и вистински херој во заштитата на граѓаните

И Тошковски доби опомена за брзо возење – камера на „сејф сити“ го улови со 51 км на час

А1он

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Мицкоски за „Сејф сити“: Поддржувам да се прошири низ целата држава

Тошковски: За 12 часа часа над 65.000 прекршоци

Горан Наумовски

Министерот за внатрешни успешно опериран на скопските клиники

А1он