Тошковски: Управниот суд поништи уште две незаконски одлуки на Владата

Од:

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека Управниот суд поништил уште две одлуки на Владата со кои биле поништени решенија донесени од негова страна.

-Едната пресуда се однесува на одлука со која беше поништено решение со кое се откажува договорот за вработување на работник во МВР на позицијата командир на ПО Ропотово, додека другата пресуда е за акт со кој до Советот на Општина Демир Хисар од моја страна е доставена листа на кандидати за избор на командир согласно Законот за внатрешни работи, вели Тошковски во објава на Фејсбук.

Управниот суд, како што додава, со пресудите и овој пат утврдил дека за тоа дали предметните решенија уредуваат правни, финансиски или кадровски прашања поврзани со организација на изборите, единствено надлежна да одлучува е Државната изборна комисија, а не Владата.

-Со донесените пресуди Управниот суд уште еднаш го потврди фактот дека сите решенија донесени од моја страна се во согласност со позитивните законски прописи, а Владата со нивното поништување постапила спротивно на Законот за Влада, вели Тошковски.

Би можело да ве интересира

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Тошковски: Приведени се пет лица за инцидентот во Чаир, 13-годишно дете се бори за живот

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар – додека граѓаните сѐ уште се трујат

Тошковски: Ниту војската, ниту полицијата не треба да обезбедува водоводи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Левица и СДСМ удрија по Тошковски откако МВР распиша меѓународна потерница за Цуната која и избега на полицијата низ прозорец во Кочани