Тошковски: По наредба на судија на претходна постапка е уапсен Фехми Стафа

Од:

Министертвото за внатрешни работи во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по наредба на судија на претходна постапка вчера го приведе поранешниот државен правобранител Фехми Стафа.

– Во текот на вчерашниот ден МВР во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по наредба на судија на претходна постапка превзема дејствија во рамки на негова надлежност, при што лицето кое што го споменавте е приведено од страна на МВР, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на новинарско прашање по отворање на реконструираната полициска станица во Бутел.

Тој истакна дека повеќе детали за предметот ќе бидат соопштени во најскоро време.

-Во текот на денешниот ден постапуваме во соработка со Јавното обвинителство, по нивни напатствија, така да во овој момент не би можел да издвојам повеќе детали во врска со овој предмет. Ќе следат за кратко информации во јавноста и од страна на МВР и од страна на ЈО, рече Тошковски.

Тој посочи дека МВР заедно со ЈО покажува дека можело поинаку да се функционира од она што било честа пракаса во минатото во однос на борбата против криминалот и корупцијата.

Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен првобранител од август во 2018 година до 23 август 2022 година кога беше разрешен.

Државниот правобранител го назначува Владата, а институцијата со која раководи е задолжена да ги штити имотните и други права и интереси на државата.

Во последниот период Фехми Стафа работеше како адвокат, а беше и меѓу пријавените кандидати на последниот јавен оглас на Собранието за избор на член на Судскиот совет.

Би можело да ве интересира

Истрага: Фехми Стафа барал 100.000 евра за поткуп на судија за укинување притвор на лице во бегство

Горан Наумовски

Тошковски: Тест-периодот на „Безбеден град“ со охрабрувачки резултати

Горан Наумовски

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа уапсен под сомнение за поткуп

Тошковски: За 12 часа часа над 65.000 прекршоци

Горан Наумовски

Тошковски до СДСМ: Толку ли многу ви смета што покренавме кривични постапки против корумпирани судии и обвинители?

Тошковски вели дека во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина

Горан Наумовски