Тошковски: Ние сме народ кој сака да биде пријател со сите

Од:

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, по повод Илинден се обрати пред граѓаните и присутните делегации во Смилево, од местото, како што рече, каде илинденците пред 121 година го донесоа пламенот на слободата.

– Денеска на овој свет ден – 2 август, на денот на нашиот голем Илинден, се собравме во Смилево, срцето на македонската револуционерна борба. Токму овде, пред 121 година, нашите храбри предци го донесоа пламенот на слободата и ја запалија искрата на Илинденското востание, рече Тошковски.

Ние сме народ кој сака да биде пријател со сите, додаде, народ кој заслужува почит и достоинство. Дојде време, вели Тошковски, да ја продолжиме борбата за подобра и посветла иднина.

– Тие покажаа дека мал, но горд народ, може да се спротивстави на тиранската власт и да се бори за својата слобода и независност. Македонскиот народ е народ со голема историја, но и со голема иднина. Ние сме народ кој сака да биде пријател со сите, но истовремено, сакаме и заслужуваме почит и достоинство. Нека е вечна мајка Македонија. Честит празник, рече Тошковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град“, мал број прекршоци

ВИДЕО: „Сејф сити“ стартува за седум дена, во првата фаза на ризичните локации

Катерина Ѓуровски

Тошковски: СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште

А1он

ВИДЕО: Убиен 22-годишен турски државјанин во Стара чаршија, напаѓачот е во бегство

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки

Тошковски: За брзини до 100 км на час ќе има толеранција од 6 километри

А1он