Тошковски: Измените на Законот за полиција и за внатрешни работи ќе придонесат за професионализација во МВР

Од:

Најодговорно тврдам дека измените на Законот за полиција и за внатрешни работи ќе придонат за професионализација на МВР, подобро функционирање на полициските службеници, а граѓаните ќе ги видат придобивките за година дена, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој денеска го посети граничниот премин „Табановце“ и ја промовираше превентивна кампања „Безбедно во лето – Вози одморен“.

– Не би сакал да ја коментирам опозицијата. Таа продолжува да работи спротивно на интересите на македонските граѓани, а резултатите од нивното неработење и нефункционирање ќе се покажат на локалните избори. Но, во однос на сите оние обвинувања коишто конкретно беа поврзани со Законот за полиција и законот за внатрешни работи, најодговорно тврдам дека ниту едно од обвинувањата не е вистина, напротив, ќе придонесеме за зголемување на професионализацијата во МВР, изјави Тошковски.

Измените, рече тој, се законски услови за подобрување на работата на полициските службеници, најавувајќи дека законот ќе стапи во сила за девет месеци отсега, а граѓаните ќе ги видат резултатите за година дена.

– За година дена ветувам многу повидлива полиција на терен, многу подостапна полиција од онаа којашто ја имаме сега заради тоа што тоа и ќе го овозможи законодавецот. Целта на овој закон беше токму тоа, да овозможиме максимално потребни услови за да се доближиме до граѓаните и да дадеме еден повисок степен на професионализам. Во секој случај по една година отсега граѓаните ќе можат директно да ги видат придобивките од Законот за полиција и за внатрешни работи, рече Тошковски.

Во однос на имплементацијата на „сејф сити“, Тошковски рече дека не е докрај имплементиран и оти интензивно работат, како на терен, така и на законската легислатива.

– Не е имплементиран во целост, но имаме доволно време сметам дека од 1.1. 2026-та ќе го имплеминтираме како на терен, така и со потребната законска легислатива. Двата од предвидените шест закони коишто треба да се изменат поминаа на Влада и ќе бидат доставени до Собранието, рече Тошковски и нагласи дека „сејф сити“ ќе овозможи поголема безбедност.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева – МОРА да реагираме веднаш!

Предраг Петровиќ

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Уставниот суд од 4 март почнува со седници во живо пред граѓаните

​Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска го доби првиот македонски етимолошки речник од авторот Цветановски