Тошковски: Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци

Од:

Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци, од повеќе страни, на повеќе полиња имаме загрозување на одредени витални точки во државата, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, посочувајќи дека МВР постапува и дека во овој момент не може да изнесе повеќе детали во јавноста.

Прашан дали има некоја нова трага или осомничени за центрите на моќ, кои според реториката слушаме дека стојат зад пожарите, Тошковски, само кратко одговори „да, имаме“, без да даде повеќе детали.

-Хибридни закани е поим што многу често се користи во рамки на научна мисла и во рамки на праксата, особено од страна на безбедносни служби. Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци, од повеќе страни, на повеќе полиња имаме загрозување на одредени витални точки во државата. Тоа сите го гледаме. Тоа го гледа македонскиот народ, тоа го гледате Вие новинарите, тоа го гледаат и институциите. Дали постапуваме? Постапуваме. Дали можам дополнително да изнесам информации во јавност во овој момент? Не, изјави Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по 16-та меѓународна научна конференција „Системска корупција – најголемата безбедносна закана: Безбедносно-стратешки пристапи за решавање на сложените предизвици“, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје.

Прашан дали е утврдено кои се центрите на моќ кои стојат зад пожарите, Тошковски вели дека повеќе детали во овој момент не може да сподели.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски и Тошковски за заплената на марихуана: Никој не е над законот

А1он

(ВИДЕО) Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град“, мал број прекршоци

ВИДЕО: „Сејф сити“ стартува за седум дена, во првата фаза на ризичните локации

Катерина Ѓуровски

Тошковски: СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште

А1он