Тополите во Паркот на новинарите исечени оти оштетиле автомобили

Од:

Градот Скопје реагира на информациите објавени во дел од медиумите во врска со исечените дрвја на пакрингот до Паркот на новинарите во Општина Центар, објаснувајќи притоа дека се работи за исечени дрвја кои веќе нанеле штета на паркирани автомобили.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека во текот на изминативе денови, по поројните дождови, на повеќе локации во Скопје се скршија поголем број гранки од дрвјата коишто предизвикаа голема материјална штета, оштетени беа поголем број моторни возила и објекти. Точно во Паркот на новинарите, дрво падна врз повеќе возила, при што беа оштетени два автомобила марка ‘опел корса’ и ‘мазда’. Екипи на јавното претпријатие ‘Паркови и зеленило’, по извршениот увид на МВР и изготвениот записник за сторената штета, пристапија кон расчистување на искршените гранки и стебла, при што беа исечени 3 тополи на паркингот до Паркот на новинарите“, се вели во соопштението.

Екипите на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ реагирале и во Старата скопска чаршија, на булеварот „8-ми Септември“, кај „Тутунска Банка“ и на уште неколку локации каде што имаше паднати гранки и оштетени дрвја.

Од Градот Скопје истакнуваат дека заедно со ЈП „Паркови и зеленило” на терен постапуваат во насока на заштита на населението и на јавните материјални добра и поради тоа ги отстрануваат дрвјата што претставуваат закана за општата безбедност.

Акцијата за сечење на тополите на територијата на градот Скопје се изведува врз основа на Одлука-Програма за работа на „Паркови и зеленило“ за 2015 година, донесена од Советот на Град Скопје и поддржана од сите советнички групи. Ќе биде имплементирана во сите програми за работа на „Паркови и зеленило“ во наредните години, затоа што бројот на тополите во Скопје е многу голем и ќе биде потребно време тие да се исечат и да се заменат со садници кои не се штетни по здравјето на луѓето, имаат позитивни еколошки карактеристики и кои не претставуваат опасност по безбедноста на минувачите и материјалните добра на граѓаните.

Скопските градски власти нагласуваат дека последниве пет години на подрачјето на градот се спроведува интензивна акција за подигање нови зелени површини и за засадување нови дрвја.

Градот Скопје ќе продолжи интензивно да работи на зазеленување на јавните површини и на засадување нови дрвја како една од приоритетните заложби за чиста и здрава средина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето