Топло време, приквечер се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер

Од:

Топлото време ќе се задржи и денеска, соопштија синоптичарите.

Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд.

Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд – над 15 литри на квадратен метар и услови за невреме со појава на град.

Температурата низ државата се очекува да се движи од 10 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје, температурата ќе се движи од 15 до 33 Целзиусови степени.

Утре се очекува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец – над 60 километри на час, а дневната температура да опадне од 5 до 7 степени.

Во деновите од викендот, според најавите на УХМР, времето ќе биде стабилно и посвежо.

Температурите од понеделник повторно ќе бидат во пораст.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

Денеска топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд

Денеска сончево и топло, со температури до 37 степени

Црн биланс од летните горештини: Речиси 3.000 дополнителни смртни случаи во Белгија

Сончево и топло и во наредните денови

Денеска сончево и топло со умерена локална облачност, наместа нестабилно со пороен дожд

Горан Наумовски