Топло со темератури до 38 степени, попладне дожд

Од:

Времето претпладне ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град.

Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.

Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

Би можело да ве интересира

Сончево и топло, попладнe можен краткотраен пороен дожд

А1он

Сончево со мала до умерена локална облачност

А1он

Високи температури до 34 степени, попладне можни грмежи и краткотрајно невреме

Променливо облачно време со дожд и грмежи, температури до 34 степени

А1он

УХМР најавува врнежливи денови

Повеќе облаци, малку сонце и дожд попладне