Томовски фатен во лага – негов близок другар е управител на фирмата која добила милионски тендери, тврди Левица

Од:

Директорот на СОЗР и личен пријател на Христијан Мицкоски – Ивица Томовски дрско ја манипулира јавноста кога очигледно е фатен како дели тендери на негови блиски фирми. Додека Томовски тврди дека нема никаква поврзаност со фирмата ,,Сити Аутсорсинг” (која доби државни тендери од 5 милиони евра), Левица е подготвена да ги објави личните конекции на Томовски со контроверзната компанија, велат од Левица.

– Како актуелен управител на компанијата ,,Сити Аутсорсинг” се води лицето Милчо Стрезоски од Струга. За блиското пријателство на Ивица Томовски со Милчо Стрезоски доказ се бројните заеднички фотографии објавени на фејсбук во последниве 10 години. Дали сега Томовски ќе се дистанцира од својот личен пријател на чија фирма доделил тендери од 5 милиони евра?! Доколку директорот на СОЗР продолжи и понатаму да ја манипулира јавноста дека нема поврзаност со ,,Сити Аутсорсинг”, Левица ќе објави заеднички фотографии на Ивица Томовски со управителот Милчо Стрезоски!

Искуството на Томовски со тендер шеми е познато уште кога директор на ЕЛЕМ беше Христијан Мицкоски. Тогаш компанијата „Сити Логистик” (сегашна “Сити Аутсорсинг) во сопственост на Томовски, добила тендери во вредност од 60.000 евра од страна на ЕЛЕМ, со потпис на Христијан Мицкоски.

Левица јавно прашува: дали Мицкоски и Томовски заеднички ги делат провизиите од криминалните тендери доделени на нивни блиски компании? Јавното обвинителство мора веднаш да отвори истрага за коруптивниот скандал тежок 5 милиони евра, каде директно е замешан еден од најблиските соработници на премиерот, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Енергетска криза без план – доцнењето со мерките ги чини граѓаните милиони

Горан Наумовски

Левица: Од калкулации до амнезија, Мицкоски го поништи сопствениот став и ноншалантно на граѓаните им ги препушти калкулациите како да се снајдат за преживување

Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска – „по грешка“ донирала за ДПМНЕ

Горан Наумовски

Левица со Предлог-закон за ограничување на учевството на армијата во странски операции

Левица: Скопје како плен, реваншизам, неспособност и системско уништување под ДПМНЕ и Ѓорѓиевски

Горан Наумовски

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика