Томислав Тунтев нов лидер на охридските социјал деомкрати

Од:

Актуелниот советник во охридскиот градски совет Томислав Тунтев е избран за нов претседател на Општинската организација на СДСМ во Охрид.

Вака одлучи претседателот на СДСМ Зоран Заев, на синоќешниот состанок во Охрид. Се очекува Тунтев да ги консолидира партиските редови во Охрид, по поразот на СДСМ на локалните избори во март оваа година.

Тунтев ќе има тешка задача да ја врати довербата на партиското членство но и да одговори на предизвиците кои стојат зад него.

Тунтев инаку е професор на Техничкиот факултет во Битола и е професор по авио сообраќај, a доаѓа на местото на Науме Јовановски кој неколку години ги водеше охридските социјал деомкрати.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Признанието на Јаневска дека учебници ќе се обезбедувале преку донации е скандалозно, да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот