Томиќ: ВМРО-ДПМНЕ безочно лаже и не се грижи за децата

Од:

Граѓани и членови на СДСМ се собраа а да го изразат својот револт од негрижата на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ за нивната и за иднината на децата.

Револтирани се зошто градоначалникот Марјан Ѓорчев го урна основното училиште „Рајко Жинзифов“, со најава дека до почеток на учебната година ќе го обнови. Пред две недели, велат, пола Влада беше во Драчево и им вети на драчевчани дека од 1-ви ноември училиштето ќе почне да се гради.

„Како што гледате до ден денес не е почнато ништо, што е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува безочно да го лаже народот. Во меѓувреме, децата од ова училиште учат во ОУ „Кузман Шапкарев“ во катастрофални услови.

– Училниците се поделени со паравани и наставниците мора да се договараат прво да предава еден, па потоа друг; дел од часовите им се скратени; училиштето е многу далеку, па родителите мора да се организираат редовно и да ги носат децата и да ги земаат.

– Дрско и безобразно е да има волкава негрижа за нашите деца, посебно имајќи предвид дека на Стевче Јакимовски во Карпош му требаа само 70 дена од корен да го изгради училиштето „Братство“. Ако се обидат како изговор да кажат дека нема пари општината, однапред им најавувам дека како пратеник ќе поднесам амандман за одвојување пари од буџетот на Република Македонија за изградба на ова училиште.

– Наместо да трошат пари на споменици и реклами, можат со тие средства да инвестираат во нашите најмлади“, рече Тања Томиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски