(ВИДЕО) Томевски: Ни беше кажано дека тука престојувале бездомници, но објектот беше пребаран, немаше лица внатре

Од:

Бригадата за противпожарна заштита на Скопје го изгасна пожарот во Центар во близина на билната аптека. Ѕвонко Томевски, командант на Бригадата, рече дека во запалениот објект немало лица иако добиле информација дека таму престојуваат бездомници.

„Станува збор за опожарена барака која е залепена со друг објект. Затекнат е пожар во разгорена фаза. Брзо е интервенирано. Направено е секторирање на објектот, пресечено е ширењето на пожарот кон соседниот објект, а останатиот дел е успешно изгаснат. Интервенирано е со шест противпожарни возила и 20 пожарникари. За причините не би можел да кажам, станува збор за напуштен објект, дел порано биле некои работни простории. Од она што ни беше кажано, тука престојувале бездомни лица. Пребаран беше објектот и од она што можевме првично да најдеме, немаше лица внатре, нема повредени, што е најбитно во целата интервенција. Опожарени се 300 квадратни метри. Отежнувачки фактор за нас беше што од едната страна има објект во градба, ископ кој ни ја отежнуваше интервенцијата“, рече командантот Томевски.

На местото на пожарот дојде и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Тој рече дека Општината добила известување дека во објектот бил вселен на диво.

„До Општината, до инспекциските служби е стигнато известување дека има населено семејство во тие бараки, диво. Од страна на инспекциските служби се преземени одредени чекори за семејството да биде отстрането од дивонаселените простории. Тоа било неколку месеци вселено и додека не заврши истрагата нема да шпекулираме за причините за пожарот. Првичните информации беа дека имало деца внатре, а последната информација што ја имаме од МВР и од командирот на Полициската станица Беко е дека во просториите немало никој“, рече градоначалникот.

„До Општината е стигнато известување дека има населено семејство во тие бараки, диво, неколку месеци престојувало“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски

Тој извести дека ова е трет пожар откако тој е градоначалник и за сите три е заедничко дека објектите што гореле биле вселени на диво.

„Едниот беше во парк каде што се запалија бараките на Судот, потоа беше пожарот во „Треска“ и ова сега е трет пожар. Според информациите за трите пожари причината е една, а тоа е дивовселени граѓани кои се причинители за самиот пожар. Во моментов она што го имам како информација и дополнително во текот на денот ќе се произнесеме е дека има сопственик и на бараките и на земјиштето. Има ДУП кој е во важност, не гледам кои би биле причините некој сам да си го пали земјиштето за да гради доколку може да го сруши истото па да гради, да поднесе барање за документација“, рече градоначалникот и нагласи дека изгорената барака има маркичка за градење.

Поради гасењето на пожарот за сообраќај е затворен делот од булеварот „11 Октомври“ од крстосницата кај Тутунски комбинат со крстосницата кај Црвен крст.

Би можело да ве интересира

Запалени две диви депонии во тетовско

Уште е активен пожарот на Шар Планина, гори букова шума во Чашка

Жителите да излезат и да ги бранат имотите, пожарот е проширен – повик од Националниот парк „Шар Планина“

ВИДЕО: Локализиран е пожарот на Шар Планина, гори на Баба

Катерина Ѓуровски

Со хеликоптер се гасне пожарот на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух