Томевски: Миризбата го иритира грлото и пречи на дишењето, неопходно беше да се евакуираат станарите

Од:

Почувствувана била силна миризба која го иритира грлото и пречи на дишењето, па беше неопходно да се евакуираат станарите на безбедно, изјави командантот на Противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски.

– Околу 18 часот добивме дојава од граѓани, кои почувствувале остар мирис на влезот, по што беше испратена екипа. Поради остриот мирис започната е евакуација на луѓето, со помош на гас-маски. Чекаме да дојде инспектор од животна средина и од институтот за јавно здравје, за да се утварди дали е безбедно враќање во зградата, рече Томевски.

Запрашан дали пожарникарите пронашле некакви остатоци, од течност или некаков извор на миризбата, Томевски изјави дека не биле забележани никакви остатоци.

Тој потенцираше дека во инцидентот нема повредени.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан