Тодоровиќ: За мене се најважни граѓаните на Центар

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Центар и актуелен прв човек на општината од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Тодоровиќ вечерва истакна дека за него се најважни граѓаните на оваа општина, во која дневно минуваат илјадници Македонци и туристи.

Пред насобраните граѓани на мини митингот што се одржа позади Соборниот храм, Тодоровиќ зборуваше за веќе реализираните проекти, но најави и нови што произлегуваат од неговата програма.

Меѓу проектите што треба да се реализираат во следните четири години тој најави изградби на ново училиште со спортска сала во населба Капиштец, на детска градинка со двојно поголем капацитет од постоечката на ул. Козара, во Капиштец, на пензионерски дом, кај Дебар Маало…

– Ќе биде изградена и целосна инфраструктура во новопроектираните населби во Ново Маало, Маџир Маало и Крњево и ангажирање на консултант правник или архитет, кој ќе биде на располагање на жителите на Ново Маало, со цел олеснување на контактот меѓу општината, граѓаните и потенцијалните инвеститори за побрза реализација на деталните урбанистички планови, рече Тодоровиќ.

Меѓу неговите проекти се и проширување и реконструкција на повеќе улици со комплетна инфраструктура,изградба на пет спортски сали во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Воведување на електронска општина за поефикасна и достапна општинска администрација,Изработка на план за модернизација и реконструкција на спортската сала „Градски парк“…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија