Тодоровиќ вети изградба на целосна инфраструктура во повеќе населби во Центар

Од:

Пред четири години вие го дадовте гласот за европски центар. На ова исто место ветивме но и исполнивме  еден нов вид на општина Центар, зошто таа не е само Ново Маало, туку и Маџир маало и Водно и Кале и Градски ѕид, рече кандидатот за градоначалник на оваа општина Владимир Тодоровиќ од Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вечерва на митинг кај Олимпискиот базен во Ново Маало.

Тој потсети дека во изминатиот период се реализирани многу проекти меѓу кои сквер јадран,  пешачка оаза, мостот „Око“ и оној на уметноста,  катни гаражи и монтажни паркинзи. Покриен е каналот спроти училиштето „Кочо Рацин“ и започната реконструкција на училиштето „Гоце Делчев“.

– Така ќе продолжиме и во наредните четири години излегувајќи во пресрет на барањата на граѓаните преку изградба на ново училиште во населбата Капиштец непосредно пред Заводот за вработување, изградба на нова детска градинка, на пензинерски дом. Изградба на цела инфраструктура на населбите Маџар маало, Ново Маало, Крњево, рече Тодоровиќ.

На присутните им се обрати и кандидатот за градоначалник на градот Скопје Коце Трајановски кој меѓу другото истакна оти најмногу треба да се инвестира во Центар и тоа за попроодни булевари и побрз сообраќај. Потенцира дека следните четири години ќе бидат изградени три подземни делници.

Тодоровиќ и Трајановски ја побараа довербата од граѓаните за опцијата на ВМРО-ДПМНЕ „За дела“.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата