Тодоровиќ: Од идеите на граѓаните ќе направиме дела за самите нив

Од:

Кандидатот за градоначалникот на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ вечерва одржа мини митинг во населбата Водно. Тој најави проширување и реконструкција на сите улици со комплетна инфраструктура во населбите Долно Водно, Старо Водно и Тасино Чешмиче во согласност со новиот генерален урбанистички план.

Во дворот на ОУ „Кочо Рацин” ќе изградиме нова спортска сала. Ќе изградиме и спортско и детско игралиште во Долно Водно и на ул.„Елисие Поповски“. Во соработка со Владата, општината ќе даде поддршка во реновирањето на Клиниката за детски болести, а преку изградба на второстепена инфраструктура општината ќе овозможи изградба на нов клинички блок на површина од 50.000 м2. Ќе ја возобновиме црквата „Св. Никола” во Долно Водно. Ќе останеме посветени, да ги одржуваме зелените површини, уредни и чисти, ќе продолжиме со одржување и реконструкција на тротоарите и пешачките патеки, како и со поставување нова урбана опрема-клупи и канти за отпадоци, рече Тодоровиќ

Посочи дека наредните четири години ќе се довршат плоштадите пред црквите „Св. Димитрија“ и „Голема Богородица“, ќе се изврши реконструкција на улици со комплетна инфраструктура и во населба Крњево, ќе се изградат пет спортски сали, ново училиште со спортска сала во Капиштец, нова детска градинка со поголем капацитет од постоечката на ул. „Козара“ во Капиштец итн.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември